Кардиоторакален појас за мажи

Производител:
AZTEC HEART
Категорија:
Физикална терапија

Кардиоторакалниот појас за мажи е развиен и дизајниран од пациент по неговата срцева операција и заздравување. Тој ја почуствувал потребата од појас кој ќе може да се носи подолго време и ќе овозможи постојана поддршка на раната , намалување на болката и непријатното чуство. 

Кардиоторакалниот појас ја намалува нестабилноста на стернумот и раната ако се користи веднаш по операција и во процесот на рехабилитација.  Постоперативната подршка со појасот овозможува стабилизација на стернумот и торакалните коски. Пациентите имаат намалена болка и непријатност во несакани движења, особено болка која е поврзана со стернум жици.
Со носењето на појасот веднаш по операција, пациентот добива поддршка пред да започне болката. Појасот овозможува движења на горниот дел на градниот кош, особено на рацете и рамената без ангажирање на градните мускули додека се изведуваат движења со горниот дел од телото, како пешачење, отварање врата, станување од кревет. Со помалку болка пациентот се чуствува послободен и порелаксиран. Пациентот може да дише длабоко, да се накашла и смее. 
 
Спецификација:
  • Градникот одговара на ширина на граден кош од 85см до 130см
  • Градникот е разделив на два дела за полесна апликација над пациентот.
  • Лесно затворање со лепенки за да се избегне хирушкиот рез. 
  • Дизајнот на градникот овозможува дренирање на раните
  • Прилагодлив за дебели пациенти
  • Прилагодлив за жени со мали гради и адолесценти 
  • Не содржи латекс