Елек за поддршка на градната коска

Производител:
Posthorax
Категорија:
Физикална терапија

Нестабилност, инфекции и резултирачки повторни операции се главните ризик фактори после операција на срце. 

За време на операцијата, градната коска се сече во средината од врвот кон дното. 

После операцијата, двете половини се задржуват заедно со неколку тенки челични жици. 

При кашлање или ненадејно движење, жиците може да се скинат или да поминат низ коската. 

Елекот за поддршка POSTHORAXTMја стабилизира скршената градна коска, го олеснува притисок на жиците и ја намалува болката при кашлање и за време на рехабилитација.

 Елекот за поддршка PosthoraxTM се носи 6-8 недели после операцијата додека фрактурата на коската целосно да заздрави. Во текот на овој период, елекот треба да се носи дење и ноќе, како кој било обичен гипс.