Кардиоторакален појас за жени

Производител:
AZTEC HEART
Категорија:

 Aztec Heart Кардиоторакалниот градик е дизајниран за да се носи веднаш по торакална и кардиолошка операција во процесот на заздравување за оптимална подршка на градите и хируршката инцизија. Појасот помага да се:

-          Стабилизирација на градниот кош и хируршкиот рез

-          Да се редуцира тензијата во новоформираните лузни и да се спречи нивно растегнување

-          Намалување на непријатното чуство после операција

-          Забрзување на процесот на заздравување

-          Побрзо враќање на пациентите на дневната рутина

Кардиоторакалниот градник е направен од мека ткаенина која дише на вашата кожа. Градникот ќе ви овозможи подобра физичка и емоционална подршка во процесот на заздравување.

Градникот е дизајниран да спречи расцепување на хируршкиот рез од тежината на градите и пукање на хируршките конци. Пукањето на хируршките конци е еден од најголемите ризици после операција и може да предизвика сериозни компликации и да го пролонгира периодот на заздравување на раната.

Овој градник е препорачан од страна на хирурзите и во процедури на зголемување и намалување на градите, како и во процедури на подигање на градите.

Спецификација:

-          Градникот одговара на ширина на граден кош од 85см до 130см

-          Градникот е разделив на два дела за полесна апликација над пациентот.

-          Лесно затворање со лепенки за да се избегне хирушкиот рез.

-          Дизајнот на градникот овозможува дренирање на раните

-          Прилагодлив за мажи и жени, вклучително и пациенти со големи гради

-          Не содржи латекс