Kinesio® Tex Tape

Производител:
KINESIO
Категорија:
Физикална терапија

Вашето врвно постигнување со Kinesio®

Kinesio продолжува да го обезбедува нашиот познат брановиден дизајн кој го има поставено стандардот за практичарите за Kinesio Taping® ширум светот. Од елитни спортисти и луѓе кои спортуваат за викенди до невролошки и педијатриски пациенти, KinesioTex им обезбедува на корисниците висок квалитет и постојани резултати.

  
Што е Kinesio® и како функционира?
Кинесио Тејпингметодот(KinesioTapingMethod®) e дизајниран да го олесни природниот процес на лекување на телото истовремено пружајќи поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите без да го ограничува опсегот на движење на телото. Успешно се користи за третирање на голем број ортопедски, невромускулни, невролошки и медицински состојби. KinesioTex Tape е безбедно решение за различни корисници, од педијатриски до геријатриски. И KinesioTexTapeиKinesioTapingметодот имаат дадено резултати кои не би биле можни со примена на претходни методи и материјали.
     
Кинесио Тејпингметодот(KinesioTapingMethod®) обезбедува поширока манипулација на мекото ткиво за да се продолжат придобивките на мануелната терапија која се дава во рамките на клиничко опкружување. Имајќи за цел различни рецептори во рамките на соматосензорниот систем, лентата го олеснува непријатното чувство и ја олеснува лимфната дренажа со микроскопско кревање на кожата. Може да се користи во комбинација со многу други третмани и модалитети и е ефективен за време на рехабилитационите и хроничните фази на повреда, како и да се користи за превентивни мерки.
Како делува KINESIO?

KINESIO TAPING (кинесио тејпинг) лентите ја ублажуваат болката и ја олеснуваат лимфната дренажа преку микроскопско кревање на кожата, залепениот дел формираконвулзии (грчења) во кожата, со што се зголемува интерстицијалниот простор. Како резултат на тоа, притисокот и иритацијата се отстрануваат од невралните и сензорните рецептори, олеснувајќи ја болката. Притисокот постепено се отстранува од лимфниот систем, овозможувајќи негова послободна дренажа.

 
 
За повеќе информации за нашите едукативни програми, Kinesio® Tape и дополнителни примени со ленти, Ве молиме посетете го веб-сајтот www.KinesioTaping.com