Orthomol Junior

Производител:
ORTHOMOL
Категорија:
Orthomol

 

Почитувани родители

Ви благодариме што го одбравте Ортомол јуниор Ц плус, висококвалитетен производ на Ортомол. Ортомол ги употреби своите искуство и научна експертиза во развојот на ортомолекуларни, микрохранливи комбинации со цел да ви обезбеди висококвалитетни производи за одржување на Вашето здравје.

Бидејќи имунолошкиот систем на детето редовно е под опсада од бактерии и вируси, нивната одбрана мора да е добро подготвена и децата мора да се солидно снабдени со хранливи материи со цел да се одржи  нивното здравје. Силна поддршка на здравјето се обезбедува со доволно количество на витамини и други хранливи материи.

 Кога може да се пробие одбраната

За да се осигура дека имунолошкиот систем работи ефикасно, неговите одбранбени трупи мора во секое време да имаат на залиха витамини и хранливи материи. Ако нема залиха на витамини и хранливи материи, одбраната може да се пробие. Бактериите и микробите полесно го пробиваат имунолошкиот систем и предизвикуваат инфекции. Секој иден напад дополнително ја ослабува одбраната, и се зголемува осетливоста на инфекции. Овој процес може да се опише и како спирала на инфекции. Тоа е ситуација во која болните деца, загрижените родители и лекарите треба да размислат за исхраната на децата, бидејќи витамини и други хранливи материи можат активно да го поддржат имунолошкиот систем.

Ортомол јуниор Ц плус е граничен производ за деца. Со витамин Ц, витамин Д, цинк, селен, калциум и јод, како и други витамини, минерали и други супстанци.  

Содржи витамин Д, што придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Со калциум и витамин Д, кои се потребни за нормален раст и развој на коските на децата, како и јод, кој придонесува за нормален раст на децата.

 

Orthomol® јуниор Ц плус содржи 25 микронутриенти во комбинација со витамини, фитонутриенти и елементи во траги корисни за децата.