Кантички и контејнери

Производител:
EUROPLASTICOS
Категорија:

Фила Фарм во својата палета на производи нуди кантички и контејнери за чување и транспорт на медицински отпад и високоризичен отпад за еднократна употреба. Контејнерите се со различни димензии кои варираат од 0,2 до 60 литри. Истите се нудат во различни бои и различни модели, со капаци за перманентно и неперманентно заклучување. Ендократните контејнери се изработени од јаки материјали , гарантираат безбедност и се водоотпорни и не дозволуваат истекување. Нивното уништување со горење не предизвикува штетна емисија на гасови.