Како овластен дистрибутер на Phlips Medical Systems, Фила-фарм обезбедува и сервис на овој тип на опрема. Сервисниот тим го сочинуваат сертифицирани инжинери со долгогодишно искуство. Tимот може да помогне во предпродажните активности кои се однесуваат на оптимален избор на опрема според потребите на корисникот како и пост-продажните активности во смисла на правилно сервисирање и одржување на опремата според стандардите на производителот.