ФИЛА-ФАРМ ДООЕЛ
Почнувајќи од 2002 година изградивме бренд кој е посветен на промовирање и дистрибуција на уникатни, напредни и иновативни брендови од медицинската технологија во дијагностика, превенција и лекување.
Нашата амбиција не лежи само во подобрување на здравствената заштита преку иновативни решенија, туку и во комплетна поддршка на нашите партнери преку сервис, едукација и консултации.
Нашето мото „Го носиме светот дома“ е цел која успешно ја постигнуваме благодарение на тимската работа, посветеноста, стручноста и долгогодишното искуство на високо организираниот тимски персонал.
Мисија
Професионално и посветено креираме партнерски однос со нашите соработници, обезбедувајќи квалитетни, сигурни и иновативни медицински решенија.
Визија
Да бидеме одговорни лидери во промовирање уникатни, напредни и иновативни брендови од медицинската технологија во дијагностика, превенција и лекување.
Вредности
Креирајќи водечка улога во индустријата во која делуваме, веќе дваесет години нашите вредности го одразуваат она во кое веруваме.
Преку одговорно и посветено делување, континуирано ги одржуваме највисоките стандарди за квалитет, етика и усогласеност.
- Одговорност
- Посветеност
- Иновација
- Безбедност
- Несебичност
- Професионализам
- Квалитет
- Партнерство