Интервју со Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт – специјалист за рехабилитација при травматологија, хирургија и ортопедија
1. Кога се појавува кинезио тејпинг како техника и која е нејзината филозофија?
Д-р Кензо Касе е киро-практичар од Јапонија кој во потрага да пронајде начин со што ќе го олесни природниот процес на исцеление на телото и продолжување на дејството и бенефициите од неговиот мануелен третман по напуштање на пациентите од неговата клиника, ја развива методата т.н. кинезио тејпинг, со цел да ја пополни празнината во опциите за третман. По развој и подобрување на методата во доцните 70-ти години, неговата иновација предизвикува интерес во поширокото медицинско општество. Од самиот почеток д-р Касе цели кон формирање на т.н. Kinesio општество од практичари на оваа метода и во текот на годините тој создава голем број на инструктори и практичари кои ги пренесуваат своите успеси и нудат висок стандард на употреба на кинезио тејпинг методата. Својата експанзија, кинезио тејпинг лентата, ја доживува после олимпијадата во Сеул во 1988 година и од тогаш до сега таа е присутна на сите светски спортски настани.
2. Имајќи предвид дека д-р Кензо Касе, основачот на кинезио тејпинг, ја посети клиничката болница Жан Митрев, дали може да споделите неколку сознанија или искуства од неговата посета што оставиле траен впечаток во вашата клиника?
Д-р Кензо Касе два пати ја посети клиниката Жан Митрев и тоа прво во 2016 година, а потоа и во 2019 година. Фила Фарм, како овластен дистрибутер за Македонија, во соработка со Македонското физиотерапeвтско здружение во 2019 година организираше семинар на тема „Kinesio Medical Taping“, предводен директно од иноваторот Кензо Касе, кој имаше можност да сподели различни иновативни апликации за различни здравствени состојби. Покрај ретката можност да учат директно од Кензо Касе, нашите физиотерапевти во 2018 година добија можност да станат и сертифицирани кинезио тејпинг практичари. Во меѓусебната комуникација со д-р Кензо имавме можност да заклучиме дека кинезио тејпингот може да има голема примена и во ургентните центри како дел од брзите третмани, особено при мускулно-скелетните повреди.
3. Кои се главните терапевтски придобивки од кинезио тејпингот и како оваа техника ги подобрува резултатите од рехабилитација за вашите пациенти?
4. Дали покрај светските, кинезио лентите се применуваат и од нашите професионални спортисти?
Со сигурност примената е навистина голема. Одличен пример е женскиот ракометен тим „Ѓорче Петров“, двојниот шампион на Македонија во женски ракомет кој во последната сезона 2023/2024 ги применуваше оригиналните високо квалитетни кинезио ленти при третманот на повреди.
5. Кои се придобивките од примената на кинезио тејпинг?
- Подобрување на мускулната функција:
По руптура на мускулите, течноста што се создава во меѓу клеточниот простор предизвикува зголемување на притисокот, болка, оток и зголемување на мускулниот тонус.
- Подобрување на циркулацијата на телесните течности:
Кога ткивата се оштетени, течностите се излеваат во одредена област, што резултира со воспалителна реакција.
- Намалување на болката:
Лепењето на лентата ги стимулира механорецепторите на кожата. Добиените сигнали стигнуваат до ‘рбетниот мозок преку механорецепторите, ги активираат контролните клетки во мозочното стебло и на тој начин го намалуваат интензитетот на чувството на болка во мозокот.
- Поддршка на функцијата на зглобот:
Различните начини на примена на кинезио лепење влијаат на мускулниот тонус, ги коригираат нееднаквостите и асиметриите, со што се создава рамнотежа во мускулните групи. Со стимулирање на проприорецепторите се постигнува подобро чувство за движење. Функционалните и механичките корекции обезбедуваат пасивна поддршка и со тоа ја подобруваат функцијата на зглобовите.
6. Како одредувате кога кинезио тејпинг е соодветна техника за пациентите, односно дали постојат специфични услови кога примената е најефикасна?
Како техника, кинезио тејпинг успешно се применува за лечење на повеќе патологии, меѓу кои лимфедеми, спортски повреди, бурзитиси, карпал тунел, спондилоартрози, дископатии, остеоартритис, тендинитис, епикондилитис, ахилова тетива, парези и многу други. Предноста е во тоа што лентите може да се користат од акутна до крајна фаза на рехабилитација, но и да се применат речиси за сите возрасти, од деца до најстара возрасна популација. Се разбира, во голем обем примената зависи и од типот на лентите. Така, разликуваме два типа на кинезио ленти, Kinesio Tex Classic и Kinesio Tex Gold FP и истите се достапни во црна, црвена, сина и беж боја во пакување од 4 и 5 метри. Kinesio Tex Classic наоѓа примена во третманот на тетиви, лигаметни, мускули т.е. најчесто кај спортските повреди , додека пак Kinesio Tex Gold FP се употребува најчесто за третман на површинските слоеви на кожата, под кожата и фасција со цел намалување на болка или лимфатична корекција и намалување на хематомите предизвикани од повреди.
7. Можете ли да ја објасните улогата на кинезио тејпинг во превентивната нега, особено за спортистите, но и поединците кои се физички активни?
Од досегашното искуство, ова е производ кој треба да го има секој спортист и рекреативец во својот ранец. Имајќи ги предвид самите придобивки кои веќе ги напоменавме, истите се составен дел од секој спорт. Најчесто медицинските екипи на спортските тимови лентите ги користат како превенција од повреди, но исто така соодветна примена се огледа и во третманот на повредите во комбинација со многу други техники за брз третман. Треба да бидеме свесни, дека најчесто рекреативците имаат поголема веројатност за повреда при рекреативно спортување бидејќи истите не се на задоволително ниво на физички капацитет како спортистите и при помал напор или неправилни движења може да предизвикаат повреда на екстремитетите, па затоа е важно да останат информирани за бенефитите од превентивното користење на овој производ. За таа цел, секое пакување на кинезио тејпинг лентите има QR код кој води до видео со упатство за лична употреба со цел олеснување на процесот на користење на производот. Се разбира, кога станува збор за сериозни повреди потребна е консултација со сертифициран кинезио тејпинг практичар со цел примени на напредни методи на апликација на лентите.
8. За крај, дали би можеле да ни кажете што е потребно да знае секој поединец пред употреба на кинезио тејпинг лентите?
На самиот почеток, секој поединец треба да провери дали станува збор за оригиналниот производ Kinesio® Tape, со цел да се избегнат оштетувања на кожата од премногу силен лепак, карактеристичен за не оригиналните производи кои се обидуваат да го имитираат квалитетот на кинезио лентите. Ваквите производи дури можат да бидат и причина за повреда имајќи предвид дека голем број од нив ги немаат истите перформанси како оригиналната кинезио лента. Кинезио лентите се направени од високо квалитетен памук кој нуди чувство на удобност. Дополнително, лентите во својот состав немаат латекс, а истите се и хипо алергени и водоотпорни, овозможувајќи едноставна и безбедна примена.