Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм ви претставува: KinesioTaping Работилница.
Настанот ќе се одржи на 25.10.2025 (сабота) во период од 09:00 до 15:00 часот, во Клиниката Жан Митрев, Аудиториум, III спрат.
Бројот на учесници е ограничен на максимум 20. Работилницата ќе ја води сертифициран кинезиотејпинг инструктор Драган Димитријевиќ ( Србија ), кој ќе го сподели своето искуство и експертиза преку практична и теоретска обука.
Котизацискиот пакет изнесува 6.000 денари и вклучува две кинезио траки (1 Kinesio Tex Classic и 1 Kinesio Fingerprint), едукативен материјал и кафе паузи.
За сите кои ќе се регистрираат најдоцна до 01.10.2025 обезбедуваме промотивна цена од 5.350 денари.
Информации за уплата:
Жиро сметка: 300000001555819 | Депонент: Комерцијална Банка |
Даночен бр: MK4030002461499 цел на дознака: Kinesiotaping workshop