Важноста на пробиотиците во текот на бременоста

Што претставуваат пробиотиците и колку е важна нивната употреба?
Пробиотици преставуваат живи бактерии и квасци кои употребени во адекватна количина имаат позитивни ефекти врз дигестивниот систем и општото здравје. Пробиотиците се пред се пријателски бактерии. Терминот пробиотик потекнува од грчките зборови ,,pro“ што значи – за и ,,bios” – живот (probiotic -за живот).
Најчести микроорганизми кои се користат во пробиотиците се генерално млечно-киселинските бактерии како што се : Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus casei и Bifidobacterium bifidum.
Ние ја примаме нашата прва доза на добри бактерии уште за време на раѓањето, а потоа и преку мајчиното млеко како и кога внесуваме природно ферментирана храна. Меѓутоа на нашиот микробиом може лесно да се влијае посебно во овој брз индустријализиран свет. Гастроинтестиналниот систем постојано се бомбардира со алергени, хемикалии и штетни бактерии кои ги внесуваме преку храната и пијалоците. Исто така врз нашата цревна флора негативно влијание имаат и одредени лекови, лошите навики во исхраната, водата богата со хлор и флуор. Поради тоа на нашиот организам особено кај малите деца и новороденчињата како и кај бремените жени му е потребна помош и подршка со внесување на производи што содржат живи микроби, а со тоа помагајќи во одржувањето на бактериската рамнотежа.
Пробиотиците се корисни во многу состојби и се употребуваат во :
· Зајакнување на имуниот систем
· Алергиски состојби (како на пример атопичен дерматит)
· Третман на дијареа од различно потекло (инфективна, патничка или дијареа предизвикана поради трeтман со антибиотици)
· Третман на разни заболувања на дигестивниот систем (хронично воспалителен процес на цревата)
· Намалување на нивото на холестерол во крвта
· Подобрување на метаболизмот на лактоза

Дали се препорачува редовна консумација на пробиотици за време на доењето и која е нивната улога во овој процес ?
За време на доењето се препорачува редовна консумација на пробиотици за кои е докажано дека имаат корисен ефект врз рамнотежата на цревната микрофлора, а со тоа и во намалување на различни гастроинтестинални тегоби како кај мајката така и кај новороденото преку мајчиното млеко.
Првата година од развојот на детето е клучна за развој на здрава цревна микрофлора (микробиотика) која е услов во понатамошниот развој за добар имунитет на детето. Добрите бактерии кои се присутни во мајчиното млеко не дозволуваат раст и развој на лоши бактерии и вируси кои можат да ја нарушат цревната флора во детскиот организам.
Кај новороденчињата и доенчињата кои се на мајчино млеко како и употреба на пробиотици кај мајката за време на доење, ефикасноста се покажала во превенција од појава на рана атописка болест кај деца со зголемен ризик од алергии.

Кои се главни придобивки кои Orthomol Natal ги овозможува за мајките и доенчињата?
Доењето е посебна фаза во животот на многу жени. За време на доењето потребата за микронутриенти на мајката се поголеми. Преку мајчиното млеко се пренесуваат многу хранливи материи и микронутриенти на доенчињата кои се потребни за негов здрав раст и развој.
Orthomol Natal е комбинација на есенцијални микронутриенти кои се корисни за благосостојба на мајката и за нормален развој на доенчето.
Микронутриенти кои се наоѓаат во состав на препаратот и нивни нутритивни својства и карактеристики се :
· Антиоксиданси како што се : Витамин Ц , Витамин Е , бета каротен, цинк, селен и бакар кои придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.
· Фолна киселина и витамин Б12 кои играат улога во процесот на клеточната делба и неопходни се за оптимален развој.
· Јод и селен, кои придонесуваат за нормална функција на тироидната жлезда.
· Железо придонесува за нормално формирање на црвените крвни зрнца и хемоглобинот.
· Калциум, витамин Д и витамин К се неопходни за развој на скелетот.
· Магнезиум е важен за нормална мускулна функција.
· Б витамини даваат подршка во метаболната функција кај мајката и детето.
· Омега 3 масните киселини се важни за развој на мозокот и видот кај детето.
· Пробиотиците го зајакнуваат имуниот систем и ја регулираат работата на цревата.

Search this website