Значењето на микронутриентите за кардиоваскуларното здравје

Што претставува кардиоваскуларното здравје и зошто е важно?
Кардиоваскуларниот систем е систем кој го сочинуваат срцето, крвните садови (артерии и вени – од големите крвни садови, до најмалите – капиларите) и крвта. Под кардиоваскуларно здравје подразбираме здравје на нашето срце и крвни садови.
Кардиоваскуларното здравје е многу важно затоа што се смета дека, човек е стар онолку колку што е стар кардиоваскуларниот систем. Одржувањето на кардиоваскуларното здравје, пред се е битно поради многубројните функции кои овој систем ги има во нашиот организам. Учествува во дистрибуција на кислород и нутриенти кои се неопходни за функционирање на сите клетки во нашето тело. Помага во одржување на телесната температура, транспорт на хормони до целни клетки и органи, како и елиминирање на крајните продукти на метаболизмот до ескреторните органи.

Кои се најчести заболувања на кардиоваскуларниот систем?
Терминот “кардиоваскуларни заболувања” подразбира генерален термин за опис на заболувања на срцето и крвните садови. Тие се генерално водечка причина за смрт во светот. Кардиоваскуларните заболувања (КВЗ) се голема група на заболувања, меѓу кои позначајни се: кардиомиопатии, аритмии, коронарни артериски болести, периферни артериски болести, заболувања на аорта и каротиди.
Коронарната артериска болест (КАБ) ги зафаќа коронарните артерии (артерии кои го исхрануваат самото срце) и настанува со формирање на атероматозни плаки во кои се таложат холестеролски и калциумови депозити. Атероматозните плаки го стеснуваат крвниот сад и го намалуваат протокот на крвта до срцето, пред се срцевиот мускул и тоа води до инфаркт на миокардот (ИМ) – срцев удар. Кај периферните артериски болести (ПАБ) има стеснување на артериите на екстремитетите, најчесто нозете. Важна е да се спомене и каротидната болест, создавање на атероматозни плаки на каротидните артерии (кои се наоѓаат во вратот и се главни во васкуларизацијата на мозокот), која е една од главните причинители за цереброваскуларен инсулт (ЦВИ) – мозочен удар.

Кои се главните причини и ризик фактори за појава на кардиоваскуларните болести?
Ризик факторите за појава на кардиоваскуларни заболувања се делат на немодифицирачки и модифицирачки.
Немодифицирачки ризик фактори се оние на кои не можеме да делуваме и тука спаѓаат: возраст (ризикот од КВЗ расте прогресивно со возраста), пол (ризик од КВЗ е повисок кај машкиот пол) и генетскиот фактор.
Модифицирачки ризик фактори се ризик фактори на кои можеме да делуваме, да ги контролираме, да ги лекуваме или да го модифицираме нивното влијание и тука спаѓаат: хипертензија, дислипидемија, пушење, дијабетес, обезност, физичка неактивност, начин на исхрана и психосоцијални фактори.
Хипертензијата (ХТА) може да се дефинира како висок или покачен крвен притисок, кога систолниот крвен притисок е 130 mm Hg или повисок, додека пак дијастолниот е 85 mm Hg или повисок (ХТА како ≥ 130/85 mm Hg, со цел на третман за да се постигне < 130/85 mm Hg). Намалувањето на крвниот притисок го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања (КВЗ), ја намалува прогресијата на бубрежното заболување и ја намалува вкупната смртност кај низа пациенти кои инаку се изложени на ризик за КВЗ, вклучително и пациенти со и без висок крвен притисок.

Абнормалните вредности на холестерол, односно високи вредности на LDL-холестерол и триглицериди, а ниски вредности на HDL-холестерол го зголемуваат ризикот за КВЗ. Липидите се пренесуваат во крвта преку липопротеините. Освен HDL-честичките (а во некои случаи, можеби и хиломикроните), другите липопротеини кои носат холестерол се атерогени. Атерогените липопротеини може да се заробат во субендотелијалниот простор, каде што може да подлежат на оксидација и чистење од артериските макрофаги, што резултира со формирање на група на клетки, а потоа и формирање на атеросклеротични наслаги. Прогресивното зголемување на атеросклеротичната плака може да предизвика хронично хемодинамски значително стеснување на артеријата што резултира со ангина или клаудикација; акутна руптура на плак може да предизвика миокарден инфаркт и/или мозочен удар.

Дијабетес мелитус е патолошка состојба која се карактеризира со високо ниво на глукоза во крвта. Раните фази на Дијабетес тип 2 често се карактеризираат со инсулинска резистенција, која е придружена со неадекватен секреторен одговор на инсулин. Дијабетес мелитус придонесува и за микроваскуларни (на пример: ретинопатија, нефропатија, невропатија) и за макроваскуларни болести.

Хипергликемијата може да придонесе до атеросклероза преку директни и индиректни механизми. Директните негативни ефекти од покачените нивоа на циркулирачка глукоза вклучуваат ендотелијална дисфункција, оксидативен стрес, зголемено системско воспаление, активирање на рецепторите на напредни гликолизирани крајни производи, зголемена оксидација на LDL и дисфункција на ендотелијална азотен оксид синтаза (eNOS). Индиректните негативни ефекти од покачените нивоа на глукоза вклучуваат хиперактивност на тромбоцитите.

Влошувањето на дебелината директно корелира со влошувањето на влијанието врз кардиоваскуларниот систем, зголемена смртност, нефатална коронарна срцева болест и конгестивна срцева слабост кај пациентите со тешка дебелина наспроти оние со пониските класи на дебелина. Позитивниот калориски баланс и зголемената телесна маса го зголемуваат ризикот од КВЗ. Една од целите на здравата исхрана е да се постигне здрава телесна маса, а тоа најдобро може да се постигне со медицинска нутриционистичка терапија која вклучува квалитативен диететски внес (на пример, избегнување на ултра-обработена храна, вклучително и засладена храна), квантитативно калориско ограничување (на пример, избегнување на енергетски густа храна) и евентуално временско ограничување на храната. Позитивниот калориски баланс може да резултира со зголемување на адипоцитите и масното ткиво, што резултира со адипосопатија (т.е. интрацелуларна и меѓуклеточна стромална дисфункција на масното ткиво што доведува до патогени ендокрини и имунолошки реакции на масно ткиво) кои директно и индиректно придонесуваат за метаболички болести – повеќето се главните ризик фактори за КВЗ.
Внесот на заситени масти може да ја промовира атерогенезата преку зголемени нивоа на липопротеински холестерол со ниска густина (LDL-C), зголемени нивоа на аполипопротеин Б, зголемен број на LDL честички, зголемување на воспалението и ендотелијална дисфункција.

Физичката активност е секое телесно движење произведено од скелетните мускули кое бара трошење енергија. Физичките вежби се под категорија на физичка активност која е „планирана, структурирана, повторлива и има за цел да подобри или одржи една или повеќе компоненти на физичката кондиција“. Препорачаната физичка активност за здрави возрасни лица вклучува најмалку 150 минути физичка активност со умерен интензитет неделно или ≥75 минути физичка активност со енергичен интензитет/недела. Физичката активност над овие препораки може да обезбеди дополнителна корист, додека пак кај пациентите кои не можат да ги исполнат препорачаните таргети за физичка активност, одредена умерена до енергична физичка активност (дури и помала од препорачаните количини) може да помогне да се намали ризикот од КВЗ.

Голем број студии покажуваат дека индиценцата на срцеви заболувања може да се намали со поздрава исхрана. Колку е важна врската помеѓу нутритивната исхрана и здравјето на срцето?
Со години, истражувањата за врските помеѓу исхраната и срцевите заболувања се фокусирале на индивидуалните хранливи материи како холестеролот (и храната богата со холестерол во исхраната, како јајцата), видовите масти и специфичните витамини и минерали. Најдобрата диета за спречување на срцеви заболувања е онаа која е богата со овошје и зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови, риба, растителни масла, консумација на умерени количини на алкохол, многу мала примена на црвено и преработено месо, рафинирани јаглехидрати, храна и пијалаци со додаден шеќер, натриум и храна со транс масти. Луѓето кои применувале диета согласност погоре наведена шема на исхрана имале 31% помал ризик од срцеви заболувања, 33% помал ризик од дијабетес и 20% помал ризик од мозочен удар.

Рандомизирано контролирано испитување покажало дека медитеранската исхрана дополнета со екстра цедено маслиново масло или јаткасти плодови и богат извор на незаситени масти, ја намалуваат инциденцата од големи кардиоваскуларни настани кај пациенти со кардиоваскуларни болести во период на следење од 4,8 години. Со таа студија се покажало дека диетите со малку маснотии не се корисни за здравјето на срцето и дека внесувањето здрави масти – како оние вклучени во медитеранската исхрана – може да го подобрат здравјето на срцето и да помогнат во губењето на телесната тежина.

Натриумот и калиумот се два меѓусебно поврзани минерали кои играат голема улога во регулирањето на крвниот притисок и здравото срце. Внесувањето на помалку солена храна, а повеќе храна богата со калиум може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Калиумот се наоѓа во многу видови храна, особено во овошјето, зеленчукот, мешунките и млечните производи со малку маснотии. Обратно, храната богата со натриум, води до заштеда на калиум и може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести.

Како и заситените масти, транс мастите имаат тенденција да го зголемат LDL (лошиот) холестерол во крвта, но тие исто така имаат тенденција да го намалат нивото на HDL (добриот) холестерол. Значи, тие се повеќе штетни за нашето здравје и може да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести (како што се срцеви заболувања и мозочен удар). Ризикот од срцеви заболувања се намалува со замена на енергетскиот внес од заситените и транс („лоши масти“) со незаситени („добри масти“).

Извори на незаситени масти претставуваат несолени јаткасти плодови, семиња (вклучувајќи чиа, таан и ленено семе) и авокадо. Идеално, здрава чинија би вклучувала порции од – ¼ протеини, ¼ јаглехидрати и ½ зеленчук.

Иако не постои „магична“ храна која го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања, постојат некои докази дека некои намирници се важни за здравјето на срцето, како: храна богата со омега-3 масни киселини (намалува триглицериди и зголемува нов на HDL-холестерол), овошје и зеленчук (важен извор на фолати, кои помагаат во намалување на нивото на аминокиселината хомоцистеин во крвта, која се чини дека е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања), храна богата со растителни влакна, нерафинирани извори на јаглехидрати со ниско гликемиско оптоварување (како што се интегрален леб, житарки, мешунки, одредени видови ориз и тестенини).

Каков е ефектот од редовниот внес и суплементација на исхраната со микронутриенти врз здравствените резултати кај пациентите со срцева слабост?

Витамините и минералите земени во соодветни дози може да помогнат во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања. Додатокот во исхрана не може да ги надомести нездравите навики во исхраната, но понекогаш дури и луѓето кои имаат здрави навики во исхраната не целосно ги задоволуваат дневните потреби, па со додатокот во исхрана ги дополнуваат.

Бројни студии укажуваат на позитивна поврзаност помеѓу земање суплементи – витамини и минерали и превенцијата на срцеви заболувања. Суплементите – витамини и минерали имаат бројни здравствени придобивки.

Коензимот Q10 (CoQ10) е супстанца слична на витамин, која се наоѓа во секоја клетка од телото. Нашето тело произведува CoQ10, а нашите клетки го користат за да произведат енергија што му е потребна на нашето тело за раст и одржување на клетките. Функционира и како антиоксиданс, кој го штити телото од оштетување предизвикано од штетните молекули. CoQ10 е природно присутен во мали количини во широк спектар на храна, но нивоата се особено високи во месото од органи како што се срцето, црниот дроб и бубрезите, но и во маслото од соја, сардините, скушата и кикириките.

Омега-3 полинезаситените масни киселини се наоѓаат во маслото од одредени видови риба, зеленчук и други растителни извори. Овие масни киселини не се создаваат во организмот и мора да се консумираат со исхраната или преку додатоци, честопати „рибино масло“. Омега-3 полинезаситените масни киселини делуваат така што го намалуваат производството на триглицериди во телото. Високото ниво на триглицериди може да доведе до коронарна артериска болест, срцеви заболувања и мозочен удар. Омега-3 полинезаситените масни киселини во комбинација со диета и вежбање помагаат во намалување на нивото на триглицериди во крвта.

Истражувањата покажале дека ниското ниво на магнезиум може да биде предиктор за срцеви заболувања. Нискиот магнезиум е поврзан со ризик фактори за КВЗ како што се: висок крвен притисок, акумулација на артериски наслаги, калцификација на меките ткива, холестерол и ригидност на артериите. Додатоците на магнезиум доаѓаат во различни форми и минерални комбинации, како што се магнезиум цитрат, магнезиум глуконат, магнезиум хидроксид и магнезиум сулфат.

Л-карнитинот е амино киселина потребна за транспорт на мастите во митохондриите (местото во клетката каде што мастите се претвораат во енергија). Соодветното производство на енергија е од суштинско значење за нормална работа на срцето. Неколку студии покажуваат дека со употреба на Л-карнитин се подобрува работата на срцето и се намалуваат симптомите на ангина. Луѓето со конгестивна срцева слабост имаат недоволна оксигенација на срцето, што може да го оштети срцевиот мускул. Таквата штета може да се намали со земање додатоци на Л-карнитин. Земањето на Л-карнитин, исто така, може да помогне да се намали штетата и компликациите по срцев удар.

Што претставува и кои се главните придобивки од есенцијалните микронутриенти достапни во Orthomol Cardio?
Orthomol Cardio е oртомолекуларен граничен производ, кој содржи значајни микронутриенти за кардиоваскуларниот систем. Достапен е во форма на прашок со таблета и капсули. Во прашокот се содржат хидро- и липо- солубилни витамини, најзначајните минерали како магнезиум, цинк, бакар, манган, селен, хром, молибден, но и цитрусни биофлавоноиди, лутеин, ликопен. Таблетата содржи јод и поради тоа е што таблетата е посебна, погоден е и може да се користи кај пациенти со проблеми со тироидната жлезда. Во капсулите се содржат екстракт од семе од грозје, екстракт од какао, Л-карнитин и омега масни киселини: EPA и DHA.

Витамин Ц, Витамин Е и финонутриентите, кои вклучуваат каротениди и полифеноли делуваат антиоксидативно, односно т.н.. ги штитат крвните садови од оксидативен стрес.

Полифенолите од црвеното грозје и какао ја подржуваат васкуларната функција.

Омега-3-масните киселини го редуцираат нивото на одредени лидипи во крвта и го подобруваат протокот на крв.

Л-карнитин и коензим Q10 се важни за срцевиот метаболизам, бидејќи имаат улога во регенерирање на енергијата на срцевите мускулни клетки.

Фолната киселина, витамин Б6 и витамин Б12 го намалуваат нивото на хомоцистеин и со тоа ги штитат крвните садови.

Производот се употребува така што една кесичка прашок (= дневна доза) се раствора во 100 до 150ml негазирана вода секој ден, во текот на или после оброк и се пие заедно со таблетата и капсулите. Дополнителна предност на производот е тоа што не содржи лактоза и глутен.

Search this website